Начини на плаќање и услови на испорака

Начините на плаќање за online порачките се:


– со кредитна картичка, или


– плаќање при достава на врата со откуп.


Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.


Испораките се вршат преку Еко Логистик во рок од 2-4 работни дена од порачката, а во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови. Трошокот за достава е на страна на купувачот и изнесува 150 денари.


По исклучок, може да се случи нарачаниот производ да не е повеќе на залиха. Во таков случај, ќе го известиме клиентот најдоцна во рок од 3 работни дена од приемот на нарачката.


Сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.


Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.


Во случај кога потрошувачот обезбедил погрешен контакт телефон за достава поради што доставувачот не може да го добие, или пак доколку не е достапен за достава на пратката и доставувачот не може да го најде на договорената адреса по што пратката ја вратил во Zenbaby™, трошокот за повратната достава кон Zenbaby™ како и трошокот за новото испраќање со валидни контакт податоци ќе биде на страна на потрошувачот.