Политика на приватност

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје (понатаму “контролор”) се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и се достапнисамо на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.


Сите вработени во ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје кои имаат пристап до личните податоци се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.


Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје не ги пренесува и проследува собраните лични податоци на меѓународни организации или трети земји.


Податоците ги чуваме и обработуваме врз принципот на законитост, правичност и транспарентност за конкретни, јасни и легитимни цели. Дополнително, собираме единствено минимален обем на податоци кои се потребни за целта на обработката.


Личните податоци ги обработуваме на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки.


Корисникот има право во секој момент да поднесе приговор до Контролорот на личните податоци и да побара корекција на неточни податоци, ограничување на обработката на лични податоци, како и бришење на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Корисникот може и во секој момент да изјави дека ја повлекува согласноста неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје.


Покрај погоренаведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.


Интернет продавницата на Zenbaby™ користи колачиња или „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.


По избор и врз основ на доброволна согласност купувачот/корисникот може преку ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје да достави податоци преку пополнување на формулар на нашата интернет продавница со цел добивање услуги и производи поврзани со нашата работа. Сите информации прибавени преку формуларот се строго доверливи и се употребуваат единствено за целта за која се доставени и ниту за една друга цел.


Податоците на купувачите/корисниците придобиени од формуларот се чуваат од страна на ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје.


Доколку сте регистрирани на нашата интернет продавница или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје, врз основа на писмено барање имате право:


да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,


да пристапите до Вашите лични податоци,


– да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка,


да ги дознаете корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени Вашите лични податоци,


да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.


Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци.


Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:


contact@zenbaby.store


Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.


СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ


Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.


Доколку имате било какви прашања, предлози или барања поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секој момент може да го контактирате и Офицерот за заштита на лични податоци.


ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ


Габриела Андревска


Телефонски број: +389 75 433 365


e-mail: contact@zenbaby.store


КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ


ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје


ул. НАРОДЕН ФРОНТ Бр. 23/5-10 СКОПЈЕ - ЦЕНТАР


Активностите на обработка поврзани со услугите достапни преку нашата интернет страна, се извршуваат од страна на нашиот технички персонал одговорен за овие услуги или останати лица задолжени за извршување на активностите. Активностите за обработка поврзани со нашите услуги се извршуваат од страна на нашите вработени, согласно нивните работни задолженија, по принципот “треба да се знае“.


Собраните лични податоци се обработени во согласност со одредбите од позитивните прописи од областа на заштита на личните податоци.