Правила и услови

Почитувани корисници,


Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате овие услови. Секоја посета на нашата интернет продавница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека во целост сте согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб апликација.


Условите за работа на интернет продавницата Zenbaby™ се составуваат во согласност со важечкото законодавство за заштита на потрошувачите, важечкото законодавство за електронска трговија, важечкото законодавство за заштита на личните податоци и препораките. Со интернет продавницата на Zenbaby™ раководи компанијата ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје.


 1. Општи одредби


ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.


ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.


2. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)


Личните податоци кои ги проследувате до интернет продавницата на Zenbaby™ со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.


ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. Интернет продавницата на Zenbaby™ нема никакви обврски кон овие информации и соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.


3. Врски (линкови) кон други веб локации


Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. Zenbaby™ ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.


4. Кориснички блог


ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од законите за авторски права, клевети, приватност, навредливост или друго.


ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.


 


Сите информации во врска со трансакцијата купувач – продавница zenbaby.store, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Македонија.


КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА


Креирање на налог


Купување во интернет продавницата на Zenbaby™ е можно со или без регистрација. Регистрацијата дозволува користење на услугата Мој профил, каде што корисниците управуваат со нивните податоци и канали за известување, а дополнително нема да има потреба да се внесуваат податоци за достава при наредно купување.


Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на иконата катанец, а потоа со одбирање на Регистрација се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и ќе може да продолжите со купувањето.


Избор на производи


На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според параметри кои можеби Ви се важни. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл. При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле за брз преглед или Quick View означен со + (плус). Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да ја одбеерете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето “Додади во кошничка” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошница.


Содржина на кошницата


Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошница, во горниот десен агол од страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.


Нарачување на производи од кошницата


Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошницата да кликнете на копчето “НАРАЧАЈ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или најавите на својот профил доколку сакате. Купување без регистрација е исто така опција. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошницата.


Достава


Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.


Рокот на испорака е максимум 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.


Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.


Рекламации


Откако курирската служба ќе Ви ја достави пратката, Ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со Вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 075 433 365 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@zenbaby.store и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори, во најкраток можен рок, ќе Ве известат за понатамошната постапка.


Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.


Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата contact@zenbaby.store.


Валидност на понудата


При купување, цените важат во моментот на потврда на нарачката. Сите цени се со вклучен ДДВ. Цените важат само за набавки на интернет продавницата на Zenbaby™ и може да се разликуваат од редовните цени. Го задржуваме правото да ги менуваме цените, техничките описи и конфигурации без претходно известување.


Заштита на приватност на податоците


За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.


Во име на компанијата ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.


При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедност на податоците при онлине купување, се прави преку системот на Стопанска Банка АД Скопје, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Во ниту еден момент податоците за кредитната картичка не се достапни на нашиот систем.


Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје, врз основа на писмено барање имате право:


– да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,


– да пристапите до Вашите лични податоци и


– да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка.


Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:


contact@zenbaby.store


Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.


Поврат на производи


Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање Zenbaby™ онлајн продавницата има обврска враќањето на средства да го изврши преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.


Сите трошоци поврзани за поврат на производ одат на терет на купувачот, односно се задржува износот за поштарината за првото испраќање, износот за повторното враќање како и износот кои деловната банка го наплаќа на ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје согласно важечкиот ценовник.


ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ


Габриела Андревска


Телефонски број: +389 75 433 365


e-mail: contact@zenbaby.store


ЗЕНБЕЈБИ ПДОО Скопје може во секое време да ги промени условите за користење, доколку се бара да биде од техничка, трговска или правна природа, или причини што не се јавни. Било какви измени ќе бидат јавно достапни на www.zenbaby.store или на друг начин ќе бидат достапни за јавноста. Во случај корисникот да не ги прифати променетите услови, давателот на услугата може да му одбие пристап до услугата на корисникот.